Жозе Мурињо бара најмалку три или четири засилувања во јануарскиот преоден рок, вклучувајќи ги Рубен Лофтус-Чик од Челси и Хери Винкс од Тотенхем, тврдат италијанските медиуми.
По 3:2 поразот од Венеција, Португалецот се пожали за засилувањата кои ги доби, иако минатото лето клубот потроши 90 милиони евра на засилувања како еден од италијанските клубови кои најмногу потроши.
Според „Калчомеркато“, Мурињо бара централен играч од средниот ред, откако не успеаја да го донесат Гранит Џака од Арсенал, и прва цел е Рубен Лофтус-Чик од Челси, но и Хери Винкс од Тотенхем. Друг приоритет е Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах, а долгорочна желба е сонародникот Диого Далот од Манчестер јунајтед.