Светскиот шампион, Луис Хамилтон, исфрустриран од второто место на Мексиканското ГП зад ривалот од Ред бул, Макс Ферстапен, по трката упати интересна критика кон вториот возач на „бикот“, Серхио Перез.
Перез се обидуваше да го стигне Хамилтон во поголемиот дел од трката, и Британецот во интервју за „Скај спортс“, тој посочи
„Кога го имате Чеко во ретровизорот, тогаш знаете дека имаат брз болид“, изјави Хамилтон.
Новинарот на „Скај спорт“, Тед Кравиц вели дека не се работело за навреда.
„Можеби звучеше како недостаток на почит, но знам дека Луис го почитува Чеко многу, и мислам дека се работеше во контекст на претходните трки на Ред бул и Перез“, вели Кравиц.
Во исто време, нервозата во Мерцедес расте, што може да се забележи и од критиката на шефот на тимот Тото Волф, кон освојувачот на пол-позицијата, Валтери Ботас, велејќи дека тој му „го отворил морето“ на Ферстапен дозволувајќи да го помине на стартот на Мексиканското ГП.