Кошаркарската репрезентација на Шпанија ќе мора да бара нов селектор. „Марка“, објави дека наредниот месец актуелниот селектор Серџио Скариоло ќе поднесе оставка, иако има договор до 2020 година.
Според истиот извор, италијанскиот тренер имал желба повторно да работи како клупски тренер. На почетокот на годината тој добил понуди од Торино и Виртус Болоња, меѓутоа тој сакал да работи во НБА лигата.
„Во минатото добивав понуди од некои НБА екипи, да работам како помошник, меѓутоа сега понудите се интензивни“, рекол Скариоло.
Италијанецот ќе ја предводи Шпанија, во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство во Кина, против Словенија и Белорусија, а потоа ќе се повлече од функцијата.
Челниците на Кошаркарскиот сојуз на Шпанија веќе започнале да го бараат наследникот на Скариоло, а според медиумите најголеми шанси имач актуелниот тренер на Валенсија, Чус Видорета.