Top Sport

Приказната за душеците го открива тимот на Белгија за СП

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, најавил дека кончниот список од 23.фудбалери што ќе патуваат на Светското првенство во Русија, ќе ја објави в понеделник, кога е последниот рок определ од ФИФА за пријавување на тимовите што ќе играат на мундијалот.

Мартинез на својот поширок список има 28 фудбалери, а белгиската телевизија „ВРТ“, на помалку бизарен начин открила кои 23.ќе патуваат за Русија.

Телевизијата објавила прилог за душеците на кои фудбалерите ќе спијат во Русија. Душеците биле специјално прилагодени за секој играч што се наоѓа на списокот на Мартинез.

Според прилогот на „ВРТ“ од поширокиот список отпаднале голменот Матс Селс, дефанзивците Кристијан Кабаселе и Џордан Лукаку, играчот од средниот ред Леандер Дендонкер и напаѓачот Аднан Јанузај.

Белгијците, в сабота во Брисел, ќе одиграат контролен натпревар против Португалија, а до заминувањето за Русија ќе одиграат уште два натпревари, против Египет (6.јуни) и Костарика (11.јуни).

Белгија, во првата фаза на СП ќе игра против Панама (18.јуни), Тунис (23.јуни) и Англија (28.јуни).

Scroll to Top