Top Sport

Пиро заврши во болница по хорор-падот (видео)

Микеле Пиро, возачот на Дукати кој со „вајлд-карта“ требаше да настапи на Италијанското ГП во Муџело овој викенд, заврши во болница по страшниот судир на вториот тренинг на италијанската патека.

Пиро, кој во прв план е тест-возач на Дукати, но речиси секогаш настапува на своајта домашна трка, беше втор во вториот тренинг на 20 минути пред крајот на сесијата, кога по 1.1 километри долгиот рамен дел пред првата кривина, ја загуби контролата на задното тркало и беше исфрлен од мотоциклот.

32-годишниот Италијанец ја загуби свеста по падот  и веднаш беше однесен во болницата во Фиренца за дополнителни тестови откако ја врати свеста во медицинскиот центар на патеката.

Scroll to Top