Тројца боксери од Демократска република Конго исчезнале во Белград. Тие биле дел од репрезентацијата која учествуваше на Светското првенство во бокс од 24.октомври до 6.ноември.
Луната Нкоси, Кајала Енгулу и Мпембеле Нзола, не се појавиле на летот со кој од Белград требале да се вратата во Киншаса. Репрезентативците на ДР Конго, тренерите и официјалните лица, поради ковид тестовите, за три дена го продолжиле престојот во Белград.
„Тие се во бегство“, соопштија од Боксерскиот сојуз на ДР Конго.
За исчезнувањето на тројцата боксери е известена Светската боксерска федерација. Во потрага по боксерите од ДР Конго е вклучена и српската полиција.
ДР Конго на Светското првенство настапи со петмина боксери.