Top Sport

Три локации во игра за реваншот Усик-Џошуа

Александар Красјук, промоторот на Александар Усик, рекол дека наскоро ќе биде договорено на која локација светскиот првак во тешка категорија ќе се бори со Ентони Џошуа.

Пред нешто повеќе од еден месец, Усик го победи Џошуа и ги презеде шампионските појаси во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Во наредните денови планираме да се сретнеме со промоторот на Џошуа, Еди Херн. Според нас мечот може да се одржи на три локации, во Велика Британија, Украина или на Блискиот исторк. Се надевам дека одлуката ќе ја донесеме до крајот на годината“, рекол Красјук.

Желбата на Џошуа и неговиот тим е реваншот да се одржи во Велика Британија.

Scroll to Top