Зинедин Зидан, по завршувањето на минатата сезона, го напушти Реал Мадрид. Зизу си зеде долг одмор, веројатно до крајот на 2022 година, кога треба да го наследи Дидие Дешам на клупата на Франција. Барем така шпекулираат француските медиуми.
Зидан, со Реал три пати по ред ја освои Лигата на шампионите. Од тој тим, преполн со ѕвезди, од која најголема секако беше Кристијано Роналдо, Зидан издвоил еден играч.
„Кога ќе ја завршам тренерската кариера и ќе заминам во пензија, со гордост ќе кажувам дека сум го тренирал Тони Крос. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата, на неговата позиција“, рекол Зидан.
Тони Крос, светски првак со Германија во 2014 година, по СП во Бразил, се пресели во Реал. Баерн за него доби 25 милиони евра. Овој 31 годишен фудбалер, досега одиграл 328 натпревар за Реал, постигнал 23 гола и забележал 80 асистенции.
Zinedine Zidane:
“When I retire, I will tell people that I coached Toni Kroos. He is one of the all-time greats in his position.” pic.twitter.com/EdCos7q8U8
— Footy Fooligans (@FootyFooIigans) November 11, 2021