Антоан Гризман се уште не решил дали ќе остане во Атлетико Мадрид или ќе се пресели во редовите на актуелниот шпански првак Барселона.
Гризман сезонава постигна 29 гола за Атлетико во сите натпреварувања. Тој е еден од најзаслужните за освојувањето на Лига Европа, во финалето против Марсеј постигна два од трите гола.
Барселона покажува сериозен интерес за Гризман. Каталонците се подготвени да ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра, додека Атлетико за да го задржи во тимот му нуди 20 милиони евра годишна плата.
Иако, трансферот во Барселона изгледаше како завршена работа, како стојат сега работите тој се уште размислува за својата иднина.
„Дефинитивно пред почетокот на СП ќе ги откријам плановите околу мојата иднина“, изјави Гризман по синоќешниот натпревар Франција-Италија во Ница.
Франција победи 3:1, а Гризман го постигна вториот гол за својот тим од пенал во 29.минута.