Top Sport

Хановер со четири парчиња за Дортмунд

Хановер направи вистинска сензација триумфирајќи со заслужени 4:2 над Борусија Дортмунд, зголемувајќи го притисокот на тренерот на „милионерите“, Петер Бош.

Хановер двапати поведуваше, но Борусија успеваше да се врати, пред црвениот картон на Ден-Аксел Загаду во 59. минута да го „сврти“ натпреварот во корист за домашниот тим.

Дортмунд и покрај тоа што беше со играч помалку ја играше својата офанзивна игра со малку мисли на одбраната, што ги чинеше скапо со головите на Клаус и Бебу.

Борусија останува прва на табелата со 20 поени, барем до крајот на дербито Баерн Минхен-Лајпциг, кое почнува во 18.30 часот.

БУНДЕСЛИГА, 10.КОЛО

Баер Л. – Келн 2:1

Хановер – Борусија Дортмунд 4:2

Херта – Хамбургер 2:1

Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 1:3

Шалке – Волфсбург 1:1

Scroll to Top