Top Sport

Милик: Никому не му посакувам искуство какво што го имав во Наполи

Полскиот репрезентативец, Аркадијуш Милик првпат зборуваше за исклучувањето од тимот на Наполи и тешкото збогување, велејќи дека никому не му посакува да го искуси истото.

Милик во јануари отиде во Олимпик Марсеј како позајмен фудбалер, пред постојано да се пресели на „Велодром“ во август, иако претходно беше поврзуван со Јувентус. Тој смета дека Наполи не биле фер во односот кон него, откако му забрани да тренира со првиот тим откако тој не сакаше да го продолжи договорот.

„Кога отидов во Олимпик, почнав да играм редовно, а сите знаат дека последното искуство со Наполи е беше пријатно. Не му посакувам на ниту еден фудбалер да се најде во таква ситуација, да му биде забрането да игра. Марсеј е прекрасен град, не можам да посакам подобро“, вели Милик.

Scroll to Top