Top Sport

Јунајтед подготвени да платат многу за Верати

Манчестер јунајтед се подготвени да дадат дури 75 милиони фунти за Марко Верати од Пари Сен-Жермен, како втор играч од средниот ред по Фред, за кого би платиле 52 милиони фунти на Шахтјор Доњецк јавува „Сан“.

25-годишниот италијански репрезентативец помина шест години во Пари Сен-Жермен, но е подготвен да замине, а Јувентус подолго време се заинтересирани за него. Се верува дека Манчестер јунајтед се подготвени да му понудат подобри услови, а Мурињо сака двајца играчи од средниот ред бидејќи се очекува Маруан Фелаини да замине откако стана слободен играч, а капитенот Мајкл Керик се повлече од спортот.

Верати на почетокот на кариерата беше споредуван со легендата на Барселона, Чави поради неговата контрола на мечот во средниот ред. Мурињо го сакаше и Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, но не се подготвени да платат над 100 милиони фунти колку што бараат од Лацио.

Фото: ЕПА

Scroll to Top