Директната пресметката за пласман на Мундијалот во Катар помеѓу Португалија и Србија на „Да Луж“ во Лисабон не почна најдобро за гостите, откако уште во втората минута, поранешното „златно момче“, Ренато Санчес ја казни невнимателноста на одбраната на „орлите“.
Бернардо Силва успеа да му ја земе топката на Немања Гудељ, а Санчез потоа лесно реализираше, и Србите сметаа дека се оштетени и покрај тоа што ВАР снимките не покажаа фаул. Српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси доби жолт картон поради приговор.
Србите одговорија во 11. минута, кога голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ ја погоди стативата, но засега останува 1:0. На Португалците им е доволно и реми за директен пласман во Катар, додека Србија мора да победи.
Vlahoviç az daha yazıyordu@CalcioTurkey pic.twitter.com/7oLxcAL6oF
— Burak Çubukçu (@burak_cubukcu_) November 14, 2021