Долгоочекуваната пресметка на двата најсилни српски кошаркарски тимови, Црвена звезда и Партизан во АБА лигата, на крајот не донесе неизвесност, откако Звезда со 71:56 ги надигра „црно-белите“ под водство на Жељко Обрадовиќ.
Звезда по првите две четвртини имаше предност од 11 поени (32:21), предност која не дозволи да биде под закана до крајот на мечот.
Митровиќ уфрли 16 поени за Звезда, Калиниќ додаде 12 поени, додека Смаилагиќ со 15 поени беше најдобар за Партизан.