Top Sport

Руи Патрисио со подарок за Тадиќ – Србија израмни против Португалија

Напаѓачкиот фудбал на српската репрезентација под водство на Драган Стојковиќ-Пикси донесе резултат, откако „орлите“ успеаја да израмнат на 1:1 благодарение на „подарокот“ на португалскиот голман Руи Патрисио.

Во меч во кој мораат да го победат за директен пласман на СП, Србите примија гол уште во 2. минута преку Ренато Санчес по контроверзното одземање на топката на Бернардо Силва од Гудељ, но по ова иницијативата и нападот беше кај гостите, што можеби е вообичаено бидејќи тие го бркаат резултатот.

По стативата на Влаховиќ по 10-тина минути игра, Србите израмнија во 33. минута од мечот, кога по ударот на ѕвездата на Ајакс, Душан Тадиќ, португалскиот голман имаше катастрофална реакција и дозволи топката да отиде зад неговиот грб.

Сепак, ова не е доволно за Србија, која во второто полувреме мора да оди на победа – на табелата двете репрезентации се израмнети со 17 поени на врвот на групата А, но Португалија има подобра гол-разлика.

Во вториот директен дуел на две репрезентации за пласман на СП, Шпанија и Шведска имаат 0:0 по првото полувреме во Севилја. Со овој резултат, Шпанците одат на Мундијал, а Швеѓаните во бараж – „фуријата“ има еден поен повеќе од Швеѓаните, кои во минатото коло шокантно загубија од Грузија со 2:0.

Србите се жалат на контроверзниот гол на Португалија по само две минути игра

Scroll to Top