Јусеин Болт е познат како голем навивач на Манчестер јунајтед. Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, внимателно ја следи ситуацијата во омилениот клуб.
Јунајтед, игра променливо од почетокот на сезоната, навивачите тешко ги поднесоа поразите од Ливерпул и Манчестер сити на „Олд Трафорд“.
Прстот е вперен во менаџерот Оле Гунар Солскјер. Медиумите во Англија тврдат дека Брендан Роџерс од Лестер, ќе биде новиот менаџер. Болт тврдид ека еден друг менаџер е многу подобро решение, но Јунајтед ја испуштија шансата да го ангажираат.
„Го сакам Антонио Конте. Штета што замина во Тотенхем. Сигурен сум дека ќе бележи добри резултати со нив. Беше во Челси и ја освои титулата. Истото го направи со Интер и Јувентус. Тој знае како да работи, се надевам дека еден ден ќе стане менаџер на Јунајтед“, рекол Болт и дополнил.
„Играме многу лошо. Роналдо не спасува на секој натпревар. Еден човек ја врши целата работа. Криситијано на свој грб го носи Јунајтед. Долго време не играме добра фудбал. Сите се премногу опуштени. Немаме победнички менталитет, каков што имавме кога менаџер беше Фергусон“.