Top Sport

Џенова доби нов претседател

По крајот на ерата на Енрико Прециози во Џенова, новите американски газди „777 партнерс“ потврдија дека професорот Алберто Цангрило е нов претседател на најстариот италијански фудбалски клуб, за кој игра и македонската легенда Горан Пандев.

Денеска и официјално се комплетираше целосната документација за преземање на клубот од новите газди, кои најавија амбициозен план за препород на клубот, почнувајќи со ангажирањето на Андриј Шевченко како нов тренер на клубот.

Се верува дека сега клубот бара нов спортски директор, со ветеранот Луис Кампос како најпосакуван човек на оваа позиција.

Scroll to Top