Top Sport

Манчини призна: Италија одамна требаше да ги освои потребните поени

Италијанскиот селектор Роберто Манчини признава дека е разочаран од 0:0 ремито кај Северна Ирска и дека актуелниот европски шампион „одамна“ требаше да обезбеди место на Мундијалот, но додава дека „аѕурите“ ќе го добијат баражот во март и дека ќе одат на титула во Катар.

Ова е втор Мундијал во низа во кој Италија мора да брка место преку бараж, откако пред четири години неславно загубија од Шведска во двомечот.

„Сега не можеме да направиме ништо, имаме мечеви во март и ќе го дадеме максимумот. Во моментов не можеме да дадеме голови и покрај доминацијата на поседот на топката. Се мачевме со Северна Ирска што е вистинска штета, бидејќи требаше да го обезбедиме првото место одамна. Мораме да го вратиме карактерот. Утнавме два пенали во клучни мечеви, што значи дека имавме шанса да дадеме гол. Мечот со Бугарија беше прв во септември по само две кола во Серија А, и затоа не можеме да бидеме разочарани од тоа реми, но требаше да ги добиеме двата меча против Швајцарија“, изјави Манчини.

Италија се „сопна“ во Белфаст, Швајцарија на Мундијал, Англија без „усул“ со Сан Марино

Scroll to Top