Каталонски „Ел Национал“ пишува дека Барсеона прави напори за ново големо засилување. Се споменува името на Мохамед Салах – голгетерот на Ливерпул.
Новиот тренер на Барса, Чави Ернандез како прва мета во зимскиот преоден рок го посочил токму Еѓипќанецот.
Касата на каталонскиот клуб не е во идеална положба, а Салах во моментов е меѓу најскапите фудбалери.
„Трансфермаркт“ неговата цена ја проценува на 100 милиони евра.
„Колку и да чини, сакам да го доведете“ – наводно Чави му рекол на Лапорта.
По својот стил и начин на игра, Мо Салах би бил идеална алтернатива за Лионел Меси.
Се уште ништо не е договорено, а останува да се види како на ова ќе реагира менаџерот на „црвените“ – Јирген Клоп.