Милан веќе поднеле официјална понуда до Лил за португалскиот фудбалер од средниот ред, Ренато Санчес, додека Арсенал се подготвуваат за понуда во јануари, јавуваат француските медиуми.
24-годишниот фудбалер, кој претходно беше сметан за најголемиот талент на португалскиот фудбал по Кристијано Роналдо, во последните сезони ја врати формата, и во текот на летото беше блиску до трансфер во Барселона, кои се откажаа поради финансиските проблеми и неговата повреда на коленото.
Според „Кориере дело спорт“, Милан сакаат да го купат Санчес веќе во јануари, но францускиот „Ле 10 спорт“ тврди дека и Арсенал ќе дадат понуда, која најверојатно ќе биде повисока од таа на миланезите.
Милан, сепак, имаат добри односи со францускиот клуб, од кого летово го купија голманот Мајк Мањан.