Top Sport

Динамо во продажба пушти ретро дресови со петокрака на грбот

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб, во продажба пушти ретро дресови, кои се речиси идентични со дресовите од пред 30 години.

За се да биде како што беше пред три децении, Динамо на грбот ја врати и ѕвездата петокрака. По сезоната 1989/1990 Динамо ја тргна петокраката од грбот.

Со таков дрес, фудбалерите на Динамо излегоа на теренот во мај 1990 година, против Црвена звезда. Тој меч никогаш не се одигра, го обележаа навивачи инциденти. Многумина сметаат дека на тој натпревар започна распадот на Југославија.

Од клубот не објавија дали тимот ќе одигра некој натпревар во овие ретро дресови.

Scroll to Top