Откако пред неколку дена се сретнаа во Торино пред стартот на АТП финалето и запеаја фолк-песи, светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и легендарниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, италијанските новинари на прес-конференцијата на Новак Ѓоковиќ по неговиот пласман во полуфиналето на турнирот најмногу ги интересираше оваа дружба.
Ѓоковиќ, секако, имаше само најдобри зборови за Златан.
„Секако, постојано следам фудбал, а Ибрахимовиќ ми е пријател последните 10 години. Се знаеме добро, зборуваме ист јазик, а тој по потекло е од нашите простори. Легенда на фудбалот, човек кој испиша историја и секогаш е убаво да го видиш. Носи публицитет за фудбалот, но и за тенисот. Што правевме? Се забавувавме, малку пеевме, снимивме неколку видеа, поразговаравме. Ќе се видиме наскоро. Немам време често да гледам фудбал, но кога имам шанса за добар натпревар. Кога сум во САД почесто гледам НБА“, вели Ѓоковиќ.