Во Италија се зголемија шпекулациите дека Фернандо Бернардески ќе замине од Јувентус, откако при преговорите за новиот договор, ја прекина соработката со славниот менаџер Мино Рајола за да го ангажира Федерико Пасторело.
„Ова требаше да се случи порано, но понекогаш за добрите работи треба да почекаш“, напиша Пасторело потврдувајќи го ангажирањето на Бернардески во „П&П менаџмент“.
Бернардески е вториот фудбалер на Јуве кој го напушти Рајола за Пасторело, откако Бразилецот Артур Мело го направи истото минатата недела. Договорот на 27-годишниот Бернардески со Јувентус завршува на крајот на сезоната. Тој пристигна од Фиорентина во 2017 гдоина, но имаше само 10 гола и 20 асистенции во 159 меча за „старата дама“.