Холандскиот тренер Џовани ван Бронкхорст беше потврден како нов менаџер на Глазгов Ренџерс, по заминувањето на Стивен Џерард во Астон вила. Ван Бронкхорст се враќа на „Ајброкс“ 20 години откако замина од клубот како фудбалер, по што 46-годишниот Холанѓанец работеше со Феенорд и во Кина.
Ван Бронкхорст ја освои холандската титула со Феенорд во 2017 година и амбициите во Шкотска е да го направи тоа и со Ренџерс кои сега имаат 4 поени пред Селтик на врвот на лигата.
„Пресреќен сум што се враќам во Ренџерс, и имам голема среќа што доаѓам во тим во одлична позиција и со победничко искуство. Важно е да продолжиме така и да бидеме благодарни што сме во овој голем тим“, вели Ван Бронкхорст, кој од 1998 до 2001 играше за Ренџерс, освојувајќи пет титули.
Ван Бронхорст си замина од Феенорд во 2019, по што замина во Манчестер сити, каде што учеше од методите на Пеп Гвардиола, пред во јануари 2020 да замине во Гуангжу Р&Ф, но си замина откако лигата беше стопирана поради Ковид-19.