Поранешниот фудбалер на Шалке, Ханик Камба, заглави во затвор бидејќи ја лажирал својата смрт.
Пред пет години, фудбалската јавност во Германија беше шокирана од информацијата дека, Камба загинал во сообраќајна несреќа во Конго. Неговата сопруга Кристина се обидеал да извлече четири милиони евра од осигурителната компанија. На крајот добила „само“, 1,2 милиони евра.
Две години по смртта, кога ги загубиле документите и телефонот, Камба, жив и здрав се појавил во германската амбасада во Киншаса.
Се вратил во Германија, работел како хемиски техничар во Рур. Во тој период била покрената истрага за измама.
Камба и неговата сопруга се прогласени за виновни и деновиве се осудени на затворски казни од 46 месеци.