Top Sport

Адвокатот тврди: Абидал не треба да се срами од ништо

Ерик Абидал во животот освои трофеј од Лигата на шампионите и еден куп други трофеи, надмина трансплантација на црниот дроб, така што тој е силно момче и ќе го надмине скандалот околу „случајот Хамрауи“, вели неговиот адвокат Оливие Мартин.

Абидал неочекувано се појави на насловните страници поради наводната афера која ја имал со фудбалерката на Пари Сен-Жермен, Кеира Хамрауи, која неодамна беше нападната со метални шипки во Париз, а потоа дојде и вест дека неговата сопруга Хајет побарала развод. Мартин вели дека ситуацијата е „компликувана“.

„Тој е во шок, но е силно момче и го покажа тоа повеќе пати во својата кариера. Ова е поинаква компликувана ситуација. Но, не постои случај Абидал, иако има многу бучава околу Ерик и неговото семејство. Разводот е приватна работа и треба да се почитува. Кога ќе го повикаат да сведочи, ќе го направи тоа, бидејќи нема што да крие“, вели Мартин во интервју за „Л’Екип“.

По неверството со тепаната фудбалерка на ПСЖ, сопругата бара развод од Абидал

Scroll to Top