Гери Невил, откако беше еден од најголемите поддржувачи на Оле Гунар Солскјер, се прости со сега веќе поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед со емотивна порака на социјалните мрежи.
По петтиот пораз во седум меча во Премиерлигата, управата му врачи отказ на Солскјер и најави дека ќе бара „преоден“ тренер до крајот на сезоната по големиот број на тренерски имиња кои се поврзуваат со клубот (Зинедин Зидан, Брендан Роџерс, Ерик Тен Хаг, Маурисио Почетино…).
Невил играше 11 години покрај Солскјер во клубот, така што не чуди посветата на социјалните мрежи.
„Ти благодарам Оле. Не направи горди. Последните два месеци беа тешки, но претходно ти врати малку душа во клубот“, напиша Невил.
Thank you Ole. You did us proud . The last two months were tough but before that you restored some soul into the club. ❤️ pic.twitter.com/cseYVIFgqK
— Gary Neville (@GNev2) November 21, 2021