Францускиот гигант Ситроен планира да преговара со петкратниот светски шампион во рели, Себастиен Ожие за враќање по седум години.
Ожие беше талент на Ситроен, но си замина на крајот на 2011 поради тензијата со тогашнмиот колега, деветкратниот светски шампион во ВРЦ, францускиот сонародник, Себастиен Леб. Тој потоа потпиша договор со Фолскваген и од 2013 освои четири титули во низа, за минатата година со М-Спорт Форд да стане петкратен шампион.
Ситроен го отпуштија Крис Мик поради „преголемиот број на судири“, и шефот на тимот, Пјер Будар признава дека за следната година сакаат јасен лидер на тимот.
„Ако Ожие е на пазарот и може да биде заинтересиран за Ситроен, тогаш нормално и ние сме заинтересирани. Но, мораме да ги видиме сите можности“, вели Будар.
Во текот на зимата, од Ситроен објавија дека не можат да понудат израмнета понуда за Французинот иако приоритет им е да го обезбедат Французинот. Ожие е без договор на крајот на сезоната, но очигледно ужива и во М-Спорт тимот, со кој стигна до три победи во првите шест релија оваа сезона и е прв фаворит за шеста светска титула.
Фото: ЕПА