Дека најдобрите играат за најдобрите клубови секогаш било јасно. Но, сепак, Барселона може да се пофали со уникатен податок на Мундијалот во Русија – имаат фудбалер во сите осум групи на СП.
Во групата А тука е Луис Суарез (Уругвај), во групата Б нормално има тројца во шпанската репрезентација (Жерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба), во групата Ц се двајцата Французи, Самуел Умтити и Усман Дембеле, додека во групата Г е „најголемиот“ Лионел Меси, како и Иван Ракитиќ во Хрватска.
Во групата Е тука се Бразилците Паулињо и Филип Кутињо, додека во Ф групата тука е германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген. Во групата Г е белгискиот дефанзивец Томас Вермален и конечно во групата Ф е новото колумбиско засилување Јери Мина.
Меѓу овие 13 фудбалери не се смета и Андрес Иниеста, кој веќе потпиша договор со јапонскиот Кобе.