Top Sport

Бизарната фото-сесија „Меси со козите“ (галерија)

Лионел Меси, ако постоеја сомнежи, уште еднаш потврди дека е најдобриот. Или како што би кажале Англичаните: „Greatest of all time“ (GOAT). Што на англиски значи и коза, така што идејата за фото-сесија меѓу аргентинскиот фудбалер и козата мораше да се случи.

Во фото-сесија за магазинот за култура „Пејпер“ од Њујорк, лидерот на аргентинската репрезентација беше убеден да се фотографира со стадо кози со навистина чудни резултати.

Инаку, козите се од „Ла гранжа натура“, зоолошка градина во близината на Барселона.

„Ги сакам животните бидејќи пораснав опкружен со нив. Сега го имам мојот пес Хулк, кој е дел од семејството“, вели Меси.


 

Scroll to Top