Top Sport

Брус се понудил да биде менаџер на Манчестер јунајтед

Стив Брус, човекот кој пред две недели доби отказ во Њукасл, се понудил да биде менаџер на Манчестер јунајтед. Брус како фудбалер девет години играше за Манчестер јунајтед.

„Атлетик“ тврди дека кога на клупските челници им ги понудил своите услуги, им рекол дека тој е вистинскиот човек кој ќе го препороди тимот.

Брус, во кариерата, бил тренер во Шефилд јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас, Бирмингем, Сандерленд, Хал, Астон Вила, Шефилд венздеј и Њукасл.

Според медиумите од Англија, Јунајтед имаат желба Зинедин Зидан да го преземе клубот, но тој ја одбил понудата.

Scroll to Top