Навивач на Фенербахче починал од срцев удар, откако тимот за кого навивал, во драматичен финиш, со гол во 94.минута победи кај најголемиот ривал, Галатасарај.
Мигел Креспо му ја донесе победата на Ференбајче, кој последните 20 минути ги одигра со фудбалер помалку на теренот.
Агенцијата „ДХА“, објави дека на 60-годишниот Ахмет Ујсал му слошило додека го прославувал голот. Недолго потоа починал во болница.
Натпреварот го следел во кафуле кај близок роднина, во градот Алашехир.
„Кога Фенербахче, кого толку многу го сакаше, постигна гол во 94.минута, мојот стрико колабираше. Не можеше да ја поднесе возбудата“, изјавил за „ДХА“, неговиот внук.
Победата над Галатасарај е прва за Фенербахче, во домашното првенство по 5.октомври.