Легендата на Евертон, Тони Хиберт се повлече од фудбалот како редок случај на играч кој цела кариера играл во еден клуб, но сега се враќа на спортот на 40 години во десеттата лига во Франција.
40-годишниот Хиберт замина во пензија во 2016 откако Евертон не му понуди нов договор, откако одигра 328 меча за „карамелите“ во 15-годишната кариера, во која, интересно, никогаш не постигна гол.
Според францускиот весник „Ла нувел републик“, Хиберт добил лиценца за ветерани за да игра во клубот ЕС Лоузи во Дистрикт Д2 лигата, десеттото ниво на француската фудбалска пирамида.
„Тој бараше мал клуб за да остане во форма и веќе работеше со нашиот У-13 тим. Сакаше да се врати на фудбалот и ние се согласивме, бидејќи носи големо искуство со него. Ние сме семеен клуб, и поважно е дружењето отколку натпреварувањето“, изјави претседателот на клубот, Жером Аршембо.
Малото градче Лоузи се наоѓа во централна Франција помеѓу Нант и Поатие, а Хиберт се пресели во малото село Вилиер-ен-Праер, каде што отвори рибник.