Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин тврди дека нема ништо против сегашниот капитен на „ѓаволите“, Хери Мегваер по неколкуте брутални коментари за формата на англискиот дефанзивец.
По 5:0 победата на Англија над Албанија, Кин се налути за гестот на Мегваер кој откако постигна гол ги стави прстите во уши, што беше протолкувано како „замолчување на критичарите“. Кин го нарече ова срамотно однесување на 28-годишниот Мегваер, додека многу од коментаторите застанаа во одбрана на слободата на Англичанецот.
Сега, во интервју за „Тајмс“, Кин вели дека нема зошто да се возддржува од критики кон Мегваер.
„Всушност, искрено мислам дека 95 отсто од моите коментари се позитивни. Да, бев критичен кон одредени фудбалери последните две-три години кога не играа добро или не си ја завршија својата работа. Тоа не им пречи на луѓето, но кога ќе го критикувам Мегваер или Кејн, велат тоа не е прифатливо. Значи добро е ако зборам против некој бек на Тотенхем, никој не му е грижа, но не смеам да го кажам тоа за Хери? Зошто? Нели го гледавте мечот? Не ми пречи ако некој фудбалер не е добар, но смее да е ужасно лош. Мегваер кажа дека по Европското првенство е нормално да има пад во формата. Не гледам дека Деклан Рајс е во лоша форма. Немам агенда против него. Не го познавам Хери Мегваер, не го знаме неговиот агент, не знам ничиј агент, всушност, јас немам агент“, вели Кин.