Еден од најдобрите играчи на Ливерпул Садио Мане, наводно договорил трансфер во Реал Мадрид. Како што објавија „Калчомеркато“ и „Франс фудбал“, Мане го договорил личните услови, а за да биде реализиран трансферот договор треба да постигнат и овогодишните финалисти во Лигата на шампионите, Ливерпул и Реал.
Според истите извори, овој трансфер би требало да биде најавата за создавање на „третата генерација“ Галактикос, иако како опција од Ливерпул за нападот на Реал најчесто се споменуваше името на Мохамед Салах.
Сенегалецот, изминатите месеци ниту еднаш од медиумите не беше поврзан со Реал. Најчесто се лицитираше со имињата на Роберт Левандовски, Еден Азар, Хари Кејн, Нејмар…
Мане во Ливерпул е од 2016 година и има договор со клубот од „Енфилд“ до 2021 година. Минатата сезона постигна 20 гола на 44 натпревари во сите конкуренции.