Според српскиот весник „Информер“, Бразилецот со хрватски пасош, Самир е пред трансфер во Црвена звезда од тимот на Динамо Загреб, што би бил прв ваков трансфер по заминувањето на Роберт Просинечки во Белград во 1980-тите.
Самир, кој беше еден од најдобрите фудбалери на Динамо во последните неколку години, а имаше и настапи за хрватската репрезентација би заработувал 400.000 евра годишно во српската престолнина и би добил договор на две години.
Самир лани се врати во Динамо, но си замина по само пола сезона по конфликтот со тогашниот тренер на „Модрите“, Иваило Петев. Самир одигра само 14 натпревари за Динамо минатата сезона.
Бразилецот дојде на „Максимир“ во 2007 година, а остана до јануари 2014, кога замина за Хетафе за 2.5 милиони евра, а минатата година замина во кинескиот Зал. Со Динамо тој има осум хрватски титули.