Слоун Стивенс постави американско полуфинале на Ролан Гарос против својата добра пријателка Медисон Киз, откако со 6:3/6:1 ја „уништи“ руската тенисерка Дарја Касаткина.
10-тата носителка, која ја победи Киз во финалето на САД опен минатата година, покажа одлична концентрираност против 21-годишната Русинка, освојувајќи го првиот сет по 42 минути по долгите поени од основната линија, пред во вториот целосно да доминира.
„Ова е возбудливо за американскиот тенис, и секогаш е задоволство да се игра против мојата добра пријателка“, изјави Стивенс по победата.
25-годишната Американка го немаше минато четвртото коло на Ролан Гарос до оваа година.
Фото: ЕПА