Интернационалецот од Србија, Милош Пантовиќ е тема да денот во фудбалска Европа. Втор пат во три недели, тој постигна гол од пола терен.
Бохум го победи Фрајбург со 2:1 Голот за победа го постигна Пантовиќ во 81.минута.
Пантовиќ забележа дека голманот на Фрајбург, Егштајн стои далеку од својот гол и успеа да го лобува од 40 метри.
Ова е втор ваков гол што го постигна Пантовиќ од поечтокот на сезоната. Претходно со удар од 62 метри, на 6.ноември, постигна гол во победата над Хофенхајм.
Hahaha Pantovic ove sezone 2 PUTA daje gol sa centra… pa ja ne verujem ? pic.twitter.com/4pu0xe94Ti
— Stefanson (@stefanson69) November 27, 2021