Top Sport

Секс-скандал во мексиканската репрезентација, Сојузот нема да казни никого

Девет репрезентативци на Мексико, во друштво на 30 проститутки, си приредиле забава пред заминувањето на Светското првенство во Русија, објави агенцијата Франс прес повикувајќи се на мексиканските медиуми.

Телевизиската куќа „ТВНотас“, објавила фотографии на некои од учесниците на забавата што е случила во саботата на еден приватен имот. Забавата била организирана веднаш по пријателскиот меч помеѓу Мексико и Шкотска (1-0).

Интересно, иако биле на забавата, фудбалерите нема да бидат казнети, бидејќи не пропуштиле ниту еден тренинг.

„Забавата ја организирале кога имале слободно време. Ден за одмор е ден за одмор, тоа е ризикот што го добивате со слободното време“, им изјавил на новинарите генералниот секретар на Фудбалската федерација на Мексико, Гиљермо Канту.

Меѓу играчите што ја организирале и учествувале на забавата биле голманот на белгиски Стандард Очоа и напаѓаќот на Бенфика, Хименез. Телевизиската куќа „ТВНотас“, во својот прилог ги објави и имињата на браќата Дос Сантос, и на двајца фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт, Карлос Салседо и Марк Фабиано.

Мексико на СП ќе игра во Ф-групата против Германија (17.јуни), Јужна Кореја (23.јуни) и Шведска (27.јуни).

Scroll to Top