Top Sport

Младинците на Вардар поразени од Еспањол

Младите фудбалери на Вардар, играчи до 18 години, забележаа пораз 3:1 од Еспањол, на „Турнирот на пријателство“, кој што се одржува во Златибор, Србија.

Единствениот гол за Вардар го постигнал Колевски во 31.минута од натпреварот.

За Вардар на дуелот со Еспањол настапиле: Тимевски, Радевски, Талевски, Наумчевски, Велковски, Адем, Колевски, Димовски, Бериша, Игњатов, Митревски. Резерви: Велковски, Тасев, Ѓурковски, Младеновски, Пешевски, Благоевиќ, Петејчук.

Утре, младинците на Вардар, во последното коло во Д-групата ќе играат против Олимпија. Дуелот ќе биде за престиж, бидејќи Вардар по ремито со Удинезе во првото коло, нема шанси да го освои првото место во групата кое обезбедува пласман во полу-финалето.

Scroll to Top