Лионел Меси, по освојувањето на Златната топка, во близина на Ајфеловата кула, организирал забава за соиграчите и нивните сопруги.
На забавата не бил само Мауро Икарди со сопругата Ванда Нара. Аргентинските медиуми тврдат дека Меси не го поканил сонародникот.
„Икарди не беше поканет на прославата на Меси“, напишал на Твитер, ТВ-водителот, Анхел Брито.
Икарди, на социјалните мрежи им честитал на соиграчите. На Истаграм ги објавил честитките за Меси и најдобриот голман, Џиџи Донарума.
Меси во понеделникот, седми пат во кариерата ја освои Златната топка.