Менаџерот на Челси, Томас Тухел се насмеа на тврдењето на новиот (привремен) тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник дека Челси го контактирале во февруари да му понудат исто така привремена работа, велејќи дека можеби не биле задоволни со 0:0 ремито со Вулверхемптон.
Тухел беше поставен за замена на Френк Лампард на 26 јануари, и ако постоел интерес од Челси за Рангник, тоа се случило пред неговото ангажирање, но Тухел сврти на шега.
„Можеби по мечот со Вулфс! Можеби шефовите го гледале мечот со Вулверхемптон и кажале: ‘Овој не знае што прави, да го донесеме Ралф за четири месеци’. Се надевам дека само го згреши датумот. Се надевам“, вели Тухел.
Тухел, кој по само четири месеци од преземањето на работата ја донесе титулата од Лигата на шампионите за „сините“, вели дека сфаќа дека не бил единствениот во игра за местото во Челси.
„Знаете, убава работа во светскиот фудбал е да си менаџер на Челси, така што морам да останам реален. Секако, ако добиете телефонски повик, треба да бидете свесни дека и многу други луѓе добиле телефонски повик. Но, сега сум тука и среќен сум“, додава Тухел.