Одлуката на Аргентинците да го откажат пријателскиот натпревар против Израел, предизвика лавина на негативни реакции во оваа држава. Пријателскиот натпревар е откажан од политички причини, бидејќи Израелците сакаат тој да се одигра во Ерусалим, на стадионот „Теди Колек“.
Ваквата одлука на Израел, Палестинците ја протолкуваа како провокација, поради што тие упатија молба до Фудбалскиот сојуз на Аргентина, дуелот да не се игра.
Репрезентативците на Аргентина, предводени од капитените Лионел Меси и Хавиер Маскерано, побарале од претседателот на Сојузот, Клаудио Тапија, да го откаже гостувањето, поради страв од можни напади или нереди.
Аргентинскиот селектор, Хорхе Сампаоли, побарал дуелот да се одигра во Барселона, каде Аргентинците се подготвуваат за Светското првенство.
„Како амбасадор на УНИЦЕФ не можев да играм против луѓе што убиваат недолжни палестински деца. Не сме луѓе, а потоа фудбалери“, рекол Меси.
Овој потег го налути Израелците. Тие се заканиле дека ќе ја тужат Аргентина, додека медиумот што ги откупил телевизиските права за натпреварот ќе барал од ФИФА да ја исфрли Аргентина од Светското првенство.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман рекол дека „Израел нема да се повлече пред глутницата на антисемити и поддржувачи на терористите“, додека претседателот Реувен Ривлин рекол дека „го го загрижува одлуката на Аргентинците“.
Ronaldo fans angry at Argentina cancelling their friendly with Israel because they can’t call Messi a zionist anymore sksksksksksk. We’ve been suffering Ronaldo fake PR propaganda for Palestine for years when he’s actually done 3 massive ads for Israel . Time for revenge pic.twitter.com/fqYinxmaAS
— Julian (@ElaficionadoFC) June 6, 2018