Португалија, во последната проверка пред светското првенство, синоќа во Лисабон го совлада Алжир со 3-0. Во редовите на Португалија се појави и најдобриот играч, Кристијано Роналдо.
Иако не постигна гол, Роналдо, беше добро расположен. По завршувањето на натпреварот, тој на теренот се појави со својот седум годишен син.
Синчето на еден друг репрезентативец застана на голот, а Роналдо јуниор се обидуваше да постигне гол. Него му асистираше Роналдо сениор.
Седум годишното момче најпрвин фати волеј од десетина метри и успеа да го погоди местото каде што се спојуваат дирекот и гредата, а потоа од вториот обид успеа да постигне гол и со ножички, што предизвика воодушевување на трибините.
Португалците наредната недела ќе отпатуваа во Русија. На Светското првенство противници во групата ќе им бидат Шпанија, Иран и Мароко.