Top Sport

Ланцини ги скина лигаментите, нема да игра на СП

Аргентинскиот репрезентативец, Мануел Ланцини, се повредил на последниот тренинг, поради што ќе го пропушти Светското првенство во Русија. Играчот на Вест Хем го скинал предниот вкрстен лигамент во коленото.

Ланцини (25), според прикажаното и она што го форсираше селекторот Хорхе Сампаоли, требаше да биде меѓу стартерите.

Тешката повреда го оддалечи од светското првенство, а веројатно ќе го пропушти и првиот дел од сезоната во Премиер лигата.

Ланцини игра во Вест Хем од 2015 година, кога клубот од Лондон го донесе од Ал Џазира. Претходно играл за Ривер плата и Флуминенсе.

Аргентина првиот меч на СП ќе го одигра на 16.јуни против Исланд.

Scroll to Top