Арон Ремзи е на добра пат да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, тврди „Газета дело Спорт“. Велшанецот пред две и пол години, како слободен играч од Арсенал се пресели во Јувентус.
„Старата дама“, на Рамзи му понуди одишна плата од 7.000.000 евра и ја победи конкуренцијата. Двете сезони во клубот покажаа дека Рамзи не е играч за Јувентус.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Евертон се сериозно заинтересирани за неговите услуги и покрај тоа што досега „карамелите“ не испратиле официјална понуда.
Овој извор тврди дека Јувентус би можел и без обесштетување да го пушти Рамзи, само за да се ослободи од неговата голема плата.