Top Sport

Јуве за 12 милиони го доби Матија Перин

По заминувањето на „вечниот“ Џанлуиџи Буфон, Јувентус тргнаа во потрага за голман, и по сè изгледа го пронајдоа својот човек во голманот на Џенова, Матија Перин.

„Старата дама“ плати 12 милиони евра на Џенова за Перин, кој сè почесто ќе добива и шанса како прв голман на италијанската репрезентација. 25-годишниот Перин потпиша четиригодишен договор за шампионскиот тим со што го комплетираше својот неверојатен пат во последните пет години.

Перин беше позајмуван во Падова и Пескара, пред од 2013 година да стане прв голман на Џенова и да одигра над 150 пати. Перин ќе се бори со Војчех Шчесни за стартното место и вели дека е подготвен за предизвикот.

„Полн сум со ентузијазам, но доаѓам со скромност и со желба за учење. Се надевам дека ќе добијам шанса да придонесам за овој голем клуб. Кога дојде интересот морав да кажам да. Ваква шанса добиваш еднаш во животот. Не му велиш не на Јувентус“, вели Перин.


Scroll to Top