Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го објави списокот на спортови за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
На Игрите во Лос Анџелес сигурно нема да биде каратето, а неизвесна е судбината на долгогодишните спортови: бокс, кревање товар и модерен пентлатон.
Овие спортови добија рок од 18 месеци да направат промени како би го задржале својот олимписки статус.
Претседателот на ИОК, Томас Бах, рекол дека боксот и кревањето товар се „палави деца“, поради долгогодишните проблеми со допингот и корупцијата.
Проблемот на модерниот пентатлон е поинаков. ИОК го навлече бесот на спортистите со предлогот од да бидат тргнати прескокнување на пречи со коњи.
Сигурни спортови за ОИ во Лос Анџелес се:атлетика, веслање, бедминтон, кошарка, кану, велосипедизам, борење, пливање, рагби, таеквондо, фудбал, голф, гимнастика, ракомет, хокеј на трева, џудо, мечување, коњичките дисциплини, тенис, пинг-понг, стрелаштво, тријатлон, едрење, одбојка и стреличарство.
Исто така и во Лос Анџелес ќе бидат вклучени спортовите кои дебитираа во Токи: скејтборд, сурфање и спортско качување.
ИОК, во февруари 2022 година ќе ја потврди листата од 28 спортови за ОИ во Лос Анџелес.