Англискиот таблоид „Сан“ кој неретко измислува вести, објави ексклузува, што ја пренесуа голем број угледни европски медиуми. Таблоидот објави дека Реал Мадрид за 350 милиони евра ќе го донесе Нејмар од ПСЖ.
Овој медиум пишува дека Нејмар, кој минатото лето оствари рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ, во својот договор има клаузула, според која за сума од 300 милиони евра може да го напушти Париз на 1.септември оваа година.
Бидејќи тогаш преодниот рок ќе биде завршен, тоа значи дека клубот што ќе ја плати сумата ќе го добие Нејмар дури во јануари 2019 година.
ПСЖ ја вметнал оваа клаузула за да ги обезбеди услугите на Нејмар најмалку 18 месеци.
Поради тоа како што пишува „Сан“, Реал бил подготвен да плати 350 милиони евра за да го добие Нејмар уште во летниот преоден рок.
Англичаните потенцираат дека овој трансфер би бил почеток на една многу поголема операција, односно дека „Најки“, компанија која го спонзорира Нејмар, би станал и спонзор на Реал.
Доколку она што го пишува „Сан“ се оствари, Нејмар во Реал би имал годишна плата од 40 милиони евра.