Top Sport

Хамилтон по трката апсолутно остана без зборови

Британскиот возач Луис Хамилтон остана во неверување по крајот на трката за ГН на Абу Даби. Ферстапен во последниот круг го претрка и стигна до својата прва шампионска титула во Ф1.

Во текот на целата трка Британецот беше првопласиран, така беше и на 5 круга до крајот, а тогаш Николас Латифи имаше инцидент.

На патеката мораше да излезе „сејфти кар“, а директорот на трката, Мајкл Маси отпрвин не им дозволи на возачите да се тркаат до крајот, но по притисокот на Ред Бул, на круг пред крајот ја промени одлуката.

Ферстапен го претрка Британецот и стигна до триумф за титула.

„Јас сум без зборови, апсолутно без зборови“ рече Хамилтон уште додека беше во болидот.

Откако се созема, испрати и честитки до конкурентот.

„Големи честитки за Макс и неговиот тим. Мислам дека направивме голема работа овие години, работевме напорно цела година. Беше ова тешка сезона. Горд сум на нив, благодарен што беа со мене на патот. Дадоа се од себе, не се предававме, тоа е најважно. Се чувствував сјајно во болидот“ – рече Хамилтон.

Scroll to Top